Голем пожар избувна денеска во струшко.
На потегот помеѓу струшките села Октиси и Долна Белица, избувна голем пожар, зафатена е поголема шумска површина од дабова шума и нискостеблеста вегетација. Пожарот на овој дел го потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски и од струшката пожарна. Оттука велат дека теренот е многу лош и непристапен поради што, невозможна е ефикасна акција за гасење. Додаваат дека поради топлото време и ветерот, огнот брзо се шири. Ќе преземаат други мерки за гасење, ќе барале помош од ЦУК и Дирекцијата за заштита и спасување.
