Голема криминална купопродажна афера на атрактивно земјиште во Охрид, обелодени АД „Трудбеник“ Охрид.
Станува збор за земјиштето кај Студенчишкиот канал во близина на Охридското езеро, каде се располсани бараките на акционерското друштво.
.jpg)
Министерството за транспорт и врски, општина Охрид и „Фибула Ер Травел“ направија голем криминал поврзан со локацијата на Трудбеник, со што украдено е вредно земјиште, обвини Спироски на денешната прес конференција.
.jpg)
-„Водена е сосема незаконита постапка, односно на Трудбеник му е украдено земјиштето. Кога се продаваше на јавен повик Трудбеник го имаше корисничкото право и ги поседуваше објектите купени на македонската берза и со одобрение за градба. Во една сосема незкаонска постапка во четири очи министерството за транспорт и врски и Фибула Ер Травел, оттуѓено е земјиштето. Важно е да се напомене дека јавниот повик кога беше закажано рочиштето за продажба беше во предизборие. Замислете закажан јавен повик во четири очи на тајна локација без никаква објава на 23 08 без присуство на јавност помеѓу управител и комисија некоја од министерство. Епилогот избрана Фибула за најповолен купувач која купила две локација од 20 000 квадрати за само едно евро од квадрат а тие во пазарна вредност чинат најмалку 4 милиони евра бидејки се наоѓаат во крајбрежието на Охридското езеро на мошне атрактивна локација“ , појаснува Спироски.
За апусрдот да биде поголем општина Охрид после цели три години иако немала надлежност по закон склучила договор со Фибула за откуп наградежното земјиште односно договор за купопродажба што е без законска рамка, тврди Спироски.
-„Општината немала надлежности за такви договори односно склучила фиктивни договори.!На основа на тој договор каде Фибула се обрзала во рок од една година да обезбеди одобрение за градба и во пет години да го изгради обејткот на тој ништовен договор нема никакво постапување до денес! Фирмата не е виновна воопшто дека на локацијата има објекти кои државата не ги расчистила. Таа постапка за да биде законска земјиштето што го продавала државата требало да биде ослободено од товари. Посебно сакам да укажам за случен фалсификат на чија основа Фибула Ер Травел доби имотен лист и на основа на тој документ влечи права и судски постапки во смисол објектите на Трудбеник да се срушат и се уништи локацијата на Трудбеник. Тоа судот му го дозвоили без никаков надоместок во една постапка која не можевме никако да ја завршиме и на основа на тоа сега во понеделник најавуваат влез во локацијата и уништување на целиот имот без никаков надоместок и ќе наплатат за рушењето односно ќе треба да платиме штета замислете! “, вели огорчено Спироски.
.jpg)
Спироски како еден од акционерите на АД Трудбеник пред медиумите обелодени бројни документи со кои тврди дека има докази за сите криминали од надлежните за што најави дека правда ќе барал и до повисоките инстанци.
-„Ние поведовме безброј постапки за понитѓштување на овој невиден криминал со кој се прави штета на АД Трудбеник. ВО кривичната постака има закони а ние имаме силни докази. Нема да дозволиме да избегаат од одговорност. Свесно предизвикуваат ненадоместлива штета бидејки ние на таа локација имаме инсталации, паркинзи, обејкти и други работи. Судски доказ дека вредноста на сите тие е околу 1 700 илјади евра. Тие свесно знаејки го својот начин на работа со корупција подмитување мислат дека ќе успеат да ја истуркаат оваа неправда. Затоа се обраќам пред јавноста и молам за разбирање. Да се почитуваат законите посебно што јас знаев и предупредував дека ова ќе се случи. Ја известив антикорупциска комисија и еве јавно ја повикувам да го отвори тој предмет“, апелира Сприсоки.
.jpg)
Акционерите од Трудбеник за случајот ги запознале и повеќето амабасади, известување испратиле и до „Транспаренси Интернешнл“.
-„Ги замолувам сите амабасадори и институциите кои следат корупција да се завземат и да го решат овој случај.Имаме работа со организирана група која незаконски се обидува да приграби милионски суми. Ова е безобразие затоа бараме заштита“, повика Спироски до јавноста.
За овој случај поднесени се кривични пријави против сите инволвирани во купопродажбата на земјиштето.
