Тепачката кај Велешта била „зачинета“ со тврди предмети.
На 17.08.2019 околу 18 часот, на бензиска пумпа во струшкото село Велешта, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад од Д.Х. жител на Велешта, врз Х.Р. од селото Октиси. Во пресметката се вклучиле уште неколку лица кои употребиле и тврди предмети.
– Полициската станица од Струга презема мерки за расветлување на настанот по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.