Веста за трагичната смрт на Никола Даниловски силно го погоди македонскиот ракометен свет.
Младиот голман на Охрид беше пронајден мртов во водите на Охридското езеро кај местото Лагадин. Откако 24-годишникот го снемало во текот на вчерашниот ден и по него трагале многу луѓе со полицијата, се потврди најлошото сценарио. Голманот две години беше дел од Охрид, а во тимот кој има одлична хемија дефинитивно се погодено од трагедијата.
На својот официјален Фејсбук профил клубот упати последен поздрав до својот покоен член. „Последен поздрав РК Охрид за голманот Никола Даниловски-Џамбо. Засекогаш ќе бидеш еден од нас“, напишаа од Охрид.
