Успешна трета трансплантација на срце во земјава

Успешно заврши третата  трансплантација на срце во земјава. Во тимот врвни доктори повторно охриѓанецот Марјан Шокаровски.

 -Во тек е трансплантација на срце која ја прават колегите кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р д-р Никола Христов, д-р Тања Анѓушева, анестезиолозите д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Митасова, д-р Јасмина Илиевска, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри. Ова е трета трансплантација на срце во историјата на нашата земја, информира министерот Венко Филипче. 

Успешно направена третата срцева трансплантација, инфрмираа од клиниката Жан Митрев.

-Кога е човечки живот во прашање не е важно дали е ден или ноќ, викенд или работен ден. Согласно претходно извршените подготовки, рано утрово околу 6:30 часот тимот кардиохирурзи го почна оперативниот зафат со цел трансплантација на срце од починат донор. Во просториите на државната кардиохирургија Академик д-р Zan Mitrev заедно со д-р Никола Христов и проф. д-р Сашко Јовев од државната кардиохирургија придружени од анестезиолозите, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри ја изведоа оваа операција која траеше околу 5 часа со што и официјално успешно беше извршена третата трансплантација направена во нашата земја. Станува збор за 40 годишна жена чие семејство даде согласност, нејзиното срце да продолжи да чука во градите на 32 годишна жена. Исто така се очекуваат уште две бурежни транспланатации во текот на денешниот ден. Голема благодарност и на сите останати доктори од кардиохирургија кои зедоа учество, како и другите членови на тимот од Клиничката болница Жан Митрев: д-р Тања Анѓушева, Александра Темелковска и Катерина Ристовска-Јанев. Секако голема благодарност на доц. д-р Маја Мојсова Мијовска – националната координаторка за трансплантација, инфрмираа од Жан Митрев. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани