Велосипедистите од Струга повторно апелираат за изградба на безбедна велосипедска патека на стариот пат Охрид Струга.
Апелот доаѓа, откако пред неколку денови повторно беше тешко повреден велосипедист од Струга на патот Охрид Свети Наум, кај населбата Елешпец.
Спортистите се жалат, велат немаат рекреативни патеки за тренинг, па најчесто тренираат на стариот пат меѓу двата градови. Патен правец , кој е потполно небезбеден и често се случуваат несреќи.
-„Жалосно е за вакви градови како Охрид и Струга да нема велосипедска патека. Ние велосипедистите секојдневно сме спречени да уживаме во нашиот спорт, а сакаме да спортуваме “, вели Мими Стојаноска велосипедист спортист.
Спортистите, преку мирен масовен протест во март во Струга побараа општините да одржат итен состанок со Македонија пат и да преземат мерки за изградба на безбедна велосипедска патека.
– „Верувам дека може да с енаправи, ние сме отворени за соработка. Апелирам што псокоро да се направи проект, возможно е да се направи велосипедска патека што ќе ги поврзе градовите Охрид и Струга“, додава Стојаноска.
Уште пред пет години ИПА од Охрид ја афирмира идејата на овој патен правец Охрид Струга да се изгради безбедна велосипедкса патека.
Претпоследната тешка сообраќајка на стариот пат кон Струга кај Подмолје , во која животот го загуби 17 годишен велосипедист од струшко Ливада се случи пред два месеци.
Новинар Соња Рилковска
