Ќе се реконструира улицата Бас Емин во Охрид, информира градоначалникот Константин Горгиески.
Со задоволство сакам да Ве информирам дека Министeрството за транспорт и врски го објави тендерот за Изведба и реконструкција на линиски инфраструктурни објекти за фекална, атмосферска и водоводна мрежа на дел од улицата „Абас Емин“. Вредноста на оваа инвестиција е 26.088.000 денари. Со ова започнуваме да решаваме еден децениски проблем кој е од исклучително значење за нашата општина и обезбедуваме подобри услови за жителите од оваа улица. Градиме одговорно и квалитетно. Инфраструктурата е наш приоритет, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот Константин Горгиески.
