Мартин Милески го промовира својот прв деби албум

Мартин Милески од Охрид, е познат  музичар, гитарист, композитор и голем љубител на добрата музика.

 

Тој деновиве го промовира својот прв деби албум наречен “Colosseum full of emotions”, кој е составен од 8 (осум) инструментални нумери.

-„Со снимање на албумот почнав во 2017 година, а го објавив, прво за странскиот пазар во април 2019 година. Сниман е во студиото на Александар Јосифовски, “Lunar Acoustix”. На албумот исто така се слушаат звуците на Хендрик Зингер и Блаж Ангелков(гостин на една песна) на бас гитара и Мухамед Реџепоски на саксофон. Обвивката е дело на Александар Илиевски. Аранжманите на 7 од песните се дела од самиот продуцент Александар и секако мои, а еден од аранжманите е дело на, прерано починатиот, Андреј Лаброски.

Сите нумери на овој инструментален албум се само едно огледало на мојот живот. Целосната инспирација за компонирање на песните ја извлеков од мои секојдневни ситуации. Болката кон моите прерано починати родители, до губење на саканите личности, па се’ до искрените детски насмевки и прегратки, старата и нова љубов, трнливиот пат кон успехот, и сите падови и подеми кои ме довеле до она што денес всушност сум. Сите тие настани ме доведоа до посакуваните тонови за да го искомпонирам моето првенче“, вели Милески. 

Секоја песна раскажува своја приказна низ тонови, накратко, за секоја песна по една реченица за што раскажува истата:

Првата песна “Secrets” зборува за тежината на животот и детска невиност. Енергијата која ја пренесува не враќа во светот кога бевме деца и назад во сегашноста, кога сфаќаме колку нашите родители чувале тајни и криеле за ние да имаме среќно и безгрижно детство.

Втората песна, “Colosseum Full of Emotions”, која е и водечка на албумот го раскажува мојот животен пат. Преку музика ги доловува најтешките моменти на мојот живот – губењето на моите родители, справување со реалноста и помирувањето со судбината. Кулминацијата на песната покажува дека без разлика на се’, животот е еден и оди напред, па продолжувам жестоко да се борам за сонот кој сакам да го остварам.

Третата песна “Song of Love” зборува за скршени срца, растурање на доверба меѓу сакани личности и пријатели.

“Dance of Butterflies” претставува приказна за враќање на надежта, пронаоѓање на љубовта и оние “пеперутки” кои се појавуваат во стомакот со вистинската личност.

“Those green eyes” – самиот наслов на овој сингл кажува се. Зборува за едни преубави, зелени очи во кои тонеш и посакуваш да останеш таму засекогаш.

Шестиот сингл “Moments” пренесува енергија на среќни и убави моменти во животот, мигови кои остануваат во сеќавање и прават насмевка на лицето кога се навраќаш на нив.

Седмиот сингл “Only the strongest remain” повторно ме враќа во минатото, но веќе посилен, цврсто стојам на земја и се борам за моите сништа. Без разлика на се’, секогаш продолжувам напред.

Последниот сингл “Walk on dreams” носи длабока порака во себе и енергијата која ја носат овие ноти – Никогаш не се откажувај од своите сништа и еден ден ќе ги живееш.

Албумот на еден начин претставува биографска приказна, тежок и трнлив пат кој го изодив во минатите неколку години. Го посветувам на моите родители и мојата најголема љубов. Секоја од песните носи своја, уникатна емоција која што успеав да ја пренесам преку нотите на моите синглови.

Ова е јутуб каналот на Милески

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани