Недостига кадар во охридската индустрија

Во охридските фабрики недостига  стручен кадар. Во автомобилската индустија  на странските компании во Охрид најмногу  се бараат инженери.

 Според податоците на државната статистика токму во  овој сектор има најмногу слободни работни места. Во фабриките фалат и  мајстори, ракувачи и составувачи на машини и постројки.

Токму такви работници какви што македонското образование не создаваше со години.

Image result for фабрика костал охрид

 -„Цело време, цело време ние имаме отворени огласи и бараме инженери бидејќи имаме една специјална програма… Ние во наредните две години треба да вработиме над 50 инжинери што е релативно голема бројка за Македонија“-рече Виктор Мизо, Директор на компанија од автомобилскот сектор.

Платите во странските компании во  индустријата не се како во странство, тие  се прилагодени на македонскиот стандард.

-„Платите се соодветни и конкурентни за Македонија и мислам дека и можеби регионално. Она што го нудиме мислам дека е нешто соодветно“, изјави Виктор Мизо, директор на странска компанија од автомобилскот сектор.

За да се создаде квалификуван кадар,  кој му е потребен на локалната индустрија потребно е воведување на  дуално образование, односно повеќе пракса од теорија. Во стручното охридско училиште ЕМУЦ „Св Наум Охридски“ веќе втора година е воведено  ваков вид на образование, но резултатите ќе бидат видливи по завршувањето на првата генерација ученици.   

-„Праксата почнува од втора година. Во втора година се еден ден, во трета два дена и во четвртта се два ипол до три дена ќе престојуваат во самите компании… Идејата на самата компанија е тие кои одат на пракса таму, потоа да си ги задржат после завршување на четврта година“-рече Сашо Недески-директор на ЕМУЦ-„Свети Наум Охридски“.

Според  државна статистика околу 2500 работници фалат во индустриските капацитети. Експертите повикуваат на забрзување на реформите во средните стручни училишта за тие да создаваат работници кои се потребни на пазарот на труд. За подобрување на состојбите влева надеж тоа што расте интересот за стручно обрзование.

 Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани