Градоначалниците на Охрид, Струга и Поградец на состанок

Развојот на туризмот, зачувувањето на животната средина и светското природно наследство се заеднички интереси на трите крајбрежни општини на Охридското Езеро.

За таа цел на денешниот состанок со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и градоначалникот на Поградец, Република Албанија, Илир Џаколи, разговаравме за воспоставување на поголема меѓусебна соработка и креирање на заеднички проекти со кои ќе може да аплицираме на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија во рамките на ИПА III програмата на ЕУ, за период од 2021 до 2027 година. Продолжуваме и понатаму редовно да комуницираме и да се залагаме за заедничките интереси на нашите граѓани, информира градоначалникот на општина Охрид Константин Георгиески.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани