Спортистите со поддршка на уличните продавачи

 „Среќен сум што овие денови  ќе продавам со спортистите“ , вели 32 годишниот  стружанец  Игор  Шајноски , кој со години го продава списанието „Лице в лице“. 

 Одбележувајќи ја Неделата на уличните продавачи,  деновиве  низ струшките улици тој  е заедно со спортистите.  

Во униформа, заштитна маска и списанија во рака, момчето со Даунов синдром, неуморен и во лето и во зима,   е    едиствениот вработен уличен продавач во земјава.

Самиот процес на  нашите активности кои ги имаме не само кон спортистите туку правиме една конекција меѓу граѓаните на Струга и Охрид и ги мотивираме да го купат списанието да го поддржат вработувањето  на Игор во нашата огранизација и да имаат поголема свесност“, вели Стефа Малески од Порака Нова.

Индивидуални спортисти  и струшките ракометари несебично  давајќи поддршка на лицата со попреченост,  заедно со Игор  го  продаваат списанието  низ струшките улици.

– „Мене ми е посебно драго покрај тоа што го знам од струшките улици имам прилика да ја дожиевам неговата енергија и да бидам лично тука во негово присуство. Игорче е познат и Струга и Охрид задоволство е да се биде во контакт со него поддржувајќи го во неговата работа “, вели Мими Стојансока спортистка од Струга.

Игор во просек  продава околу 5000 списанија годишно, а со тоа ја обезбедува својата егзистенција

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани