На вчерашната акција, отстранување на платформите на плажите на струшкото крајбрежје вицепремиерот Артан Груби го најави градоначалникот Мерко за уште еден мандат за градоначалник на општина Струга.
Тој рече дека граѓаните стојат зад Рамиз Мерко и дека во октомври оваа година тие повторно ќе застанат зад него. Груби рече дека Мерко го пензионирал Села засекогаш.
„Нема притисок од јавноста воопшто, напротив, сите граѓани стојат зад администрацијата на г. Рамиз Мерко, дури и пензионирајќи еден партиски градоначалник кој изгуби во неговото родно место. Веруваме дека мерко ќе ја добие повторно поддршката од граѓаните на Струга.“, рече Груби.
Мерко пред овој градоначалнички мандат беше пратеник во Спобранието на РМ, а претходно имаше два градоначалнички мандати во Струга.
