Холандската директорка што носеше туристи пред 30 години повторно во Охрид

81 годишната  Марија Влардингербрук , порнешен туристички извршен директор , жената која прва носеше туристи од Холандија  пред триесетина години,повторно  дојде  во Охрид.

Овој пат како турист, заедно со своите пријателки од Холандија и еден  албум полн со спомени од далечната 1988 година.

Поранешната мисица на Ротердам,  тогаш на педесетгодишна возраст била главен извршен директор за холанѓаните,  кои доаѓале во Охрид во тогашна Југославија. 

Потсетувајќи се на тие убави времиња Марија со радост раскажува за  бесценетите спомени на илјадниците гости проткаени на  брегот на Охридското езеро.

 „Прво во хотел Десарет, Силекс, Славија, Метропол, Дрим и Бисер. И секој ден во сите хотели поминував да разговарам со гостите. Ги прашував дали имаат некакви проблеми, за екскурзии. 0813 Им раскажував за сите важни нформации за Охрид. За историјата на градот, за црквите, за Битола и Хераклеа“, вели  Марија Влардингербрук , порнешен туристички извршен директор.

Градот се изменил, се изградил , се осовременил, хотелите и рестораните денес се модерни,  реновирани,  но љубезноста на домаќините кон туристите е се уште иста, вели  Марија.

„ Хотелите се модерни, реновирани , добри. Рестораните  нови. Јас го сакам Охрид. Сега градот  е поинаков многу поголем,  но тоа е очекувано ,  поминаа триесет години, многу мајко моја!“ , вели Влардингербрук.

Марија е вљубеник во Охрид, ја знае историјата, културата,  традицијата, но ја сака и  македонската мастика и убавата југословенска музика. Се присети на незаборавните вечерни  игранки во охридските  хотели со песните „Зора је сванула“, „Пиши пиши ми“ и нејзината омилена песна „Марија“.

,Најважната песна за мене беше Марија живот мој… тана нана … Секоја вечер сум била таму да пееме и играме. Кога ќе ја слушнев таа песна веднаш доаѓав. За мене нема разлика помеѓу македонско и српско за мене тоа беше Југославија. За мене тоа е еден јазик“, додава Влардингербрук.

Раскажувајќи за убавите спомени, Марија вели во тоа време повеќе доаѓале  млади холанѓани за разлика од денес кога доаѓа повозрасната популација. Интересно е што една од најпродаваните ексурзии од Охрид  била еднодневна посета на Дубровник со авион за само тогашни 40  гулдени. Во тоа време имало голем број туристи од Германија, кои за жал денес ги нема.

Поранешната холандска директорка  пријатно ги изненади вработените во охридските хотели, кои се пронајдоа во албумот од пред триесет години.  Вредниот мемоар полн   со фотографии, разгледници, договори и белешки ќе го остави   во хотелот „Силекс“ во Охрид, да сведочи за едно убаво  време.

Новинар Соња Рилковска

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани