Ќе се отстранува дивопоставената урбана опрема

Се повикуваат корисниците на урбана опрема кои што имаат склучено договор со општина Охрид за поставување на урбана опрема, во најкраток можен рок да ги подмират обврските и да прибават одобренија за поставување на урбана опрема.

 

Физичките и правните лица коишто немаат склучено договори за поставување на урбана опрема, да поднесат барање за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема.

Доколку физичките и правните лица не постапат по горенаведеното, општина Охрид ќе пристапи кон отстранување на нелегално поставената урбана опрема, стои во известувањетто од општина Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани