60 годишен маж бил забележан паднат кај Самоилова.
Маж на 60 годишна возраст од Тетово, денеска е пронајден мртов на Самоиловата тврдина во Охрид. Неподвижното тело го забележал турист кој веднаш пријавил а набрзо тука пристигнала и медицинска екипа од Итната медицинска помош.
– Нема траги на насилство врз телото на починатиот. По наредба на Јавен обвинител утре ќе биде извршена обдукција, иззјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.