Охриѓанец и скопјанец со злоупотреба оштетиле прилепска фирма

Двајцата заработиле кривична пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.А.(35) од Охрид и Б.Б.(79) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од 2008 до 2015 година, М.А.како управител на фирма од Охрид не ги подмирувал обврските кон фирма од Прилеп. По ова, второ пријавениот, како сопственик на фирмата од Охрид, кој, имал долг и кон други доверители, го поттикнал М.А. да склучи договор за залог во кој второ пријавениот засновал заложно право врз целиот недвижен имот на фирмата од Охрид. Со ова, фирмата од Прилеп не можела да ги намири своите побарувања, додека второпријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.448.021 денари.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани