Утре ќе се знае новата цената на струјата

 

Цената на електричната енергија во земјава  е стабилна.  Со измените во законот за енергетика не се очекуваат нови ценовни шокови. Последните две години се воведе евтина тарифа, со што од осум до 11 милиони евра останаа во џебовите на граѓаните.  

 

Елем работи домаќински со акумулирана добивка од 49 милиони евра, информира вицепремиерот Кочо Анѓушев на денешната работилница со медиумите во Охрид на тема Поддршка на реформите во секторот енергетика.

  -„Да се потсетиме се најавуваше дека со новиот закон цената на електричната енергија ќе се покачи драматично. Фактите покажаа обратно. До 2013,2014 2015 годин Елеме бележеше загуби од осум , девет илиона евра. Минусни беа салдата а притоа цената на електричната енергија се качи 60%.  Последните две години цената на струјата е стабилна. Се воведе евтина тарифа за граѓаните која имаше инпакт осум до 11 милиони евра во џебовите на граѓаните. Факт е дека ЕЛЕМ стана одлична профитабилна компанија која денеска има  акомулирана добивка од 49 милиони евра. Со акумулирана добивка од 49 милиони евра на ЕЛЕМ, со непокачување на цената на електрична енергија за граѓаните и со воведување евтина тарифа е само една презентација како се работи домаќински во делот на енергетиката ако тоа се знае“, рече Ангушев.

Од регулаторната комисија велат не се очекуваат ценовни шокови.  Во петок ќе се знае новата цена на електричната енергија од новиот универзаен снабдувач.

– „Денеска трае аукцијата на коај ЕЛЕМ е обврзан да понуди најмалку 80 отсто од потребите на универзалниот снабдувач, односно на домаќинствата и малите потрошувачи. Имајќи во предвид дека Регулаторната комисија  повеќе не ја определува цената на ЕЛЕМ, а влијанието врз крајната цена од тоа што денеска ќе го понуди ЕЛЕМ е најголемо, изнесува 50 проценти, во петок ќе се знае цената на електрична енергија. Но пред се да видиме денеска како ќе заврши аукцијата која ја организира новиот универзален снабдувач. Состојбата во ЕЛЕМ  е одлична имаме и драстично намалување на трошоците во рудниците и не верувам дека цената ќе биде над 39,6 евра за мегават час. Исто така влијание на цената ќе има и трошокот за откуп кој го има универзалниот снабдувач од повластени производители на електрична енергија“, додава Бислимоски.

Со измените во законот за енергетика се обезбеди  либерализација на пазарот, комерцијалните потрошувачи ги намалија своите трошоци за електрична енергија за 20 до 30 проценти,воедно немаше  промени на цената на електрична енергија.

Новинар Соња Рилковска

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани