Ќе се интензивира изградбата на автопатот Охрид Кичево.
-„Ги решивме техничките проблеми, ги разрешивме проблемите со договорите. Направивме заштеда од 90 милиони евра во тие договори. Сега очекуваме да се продолжи кредитирањето од Ексим банка, која престана 15 јануари. Финансирањето е спорно и тоа не зависи од нас туку од кинеската Ексим банка. Деновиве очекуваме информациин за тоа. Доколку тие информации не стигнат брзо ќе бараме други начини и патот ќе продолжи интензивно да се гради. Останува рокот 2021 година“, рече вицепремиерот Ангушев.