Викендов 22 јуни 2019 во С.Р.Ц. “Билјанини Извори ” Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ”Лескоец-Охрид го организираше меѓународниот Таеквон-до ИТФ турнир “ ОХРИД ОПЕН 2019” на кој зедоја учество околу 250 натпреварувачи од 26 клубови од Словенија, Хрватска, Бих, Србија, Бугарија и Македонија.
Најбројни беа клубовите од соседна Бугарија, при што можеме да се пофалиме дека беа дојдени најдобрите натпреварувачи од сите клубови , се натпреваруваа во две дисциплини форми и борби,при што имавме можност да гледаме врвни борби и техники на овај натпревар.
Изразувам најголема благодарност на нашиот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен што стигнавме до овај степен да можеме да организираме турнир од ваков калибар, а воедно и најазслужен за одличната организација на истиот турнир,истотака огромна благодарност до “Општината Охрид’ што несебично ни помогна да го организираме овај турнир, а за да биде комплетно на највисоко ниво нашиот турнир со пренос во живо и невероватни убави фотографии ни помогна “Стојан Стојановски” , најдобриот во оваа сфера при што изразуваме огромна благодарност до него и неговата екипа. Истотака благодарност на сите што помогнаа во учество на овај турнир родители, роднини, пријатели итн.
Ги доставуваме малку со закаснување нашите информации, но од оправдани причини при што ја чекавме обработката на видеото од најдобрите моменти од турнирот , за читателите и подржувачите на спортот , нашите фанови и сите кои се љубители на вакви настани максимално да уживаат и да знаат за што станува збор, вели Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан , претседател на клубот, претседател на Македонската ИТФ , поранешен светски вицешампион Прага’96.
Организацијата беше на највисоко ниво иако искуството не беше многу на наша страна,направивме турнир што ретко некој во Македонија може да се пофали дека направил таква организација, со што се гордееме читајќи ги коментарите од гостите на турнирот и од коментарите на сите очевидци. Натпреварот беше под водсвто на Сабум Вергилиј Ситнилски носител на црн појас VI дан, потпретседател на судиската комисија на ИТФ, и одговорен за југоисточна Европа, кој со своето искуство помогна овај турнир да тече без никаков застој и во најдобар ред, при што користиме прилика да му се заблагодариме јавно, а воедно благодарност до судиската екипа која делеше несебично правда и овозможија најдобрите да се качат највисоко на пиедесталот.
За најдобари клубови на натпреварот беа избрани
1 место: Калојан-Ладимекс од Перник
2 место: Фалкон од Благоевград
3 место: Тервел 2006 од Севлиево
Нашиот клуб настапи со 37 натпреварувачи, за дел од нив беше прв натпревар , за некои прв медал , што ни прави посебно задоволство дека имаме веќе нови генерации кои се спремни и физички и психички за да ги бранат боите на нашиот клуб во иднина. Нашите натпреварувачи вкупно осовија 43 медали , од кои 11 златни, 10 сребрени и 22 бронзени , со што бевме најтрофеен клуб на натпреварот, информираат организаторите.
ФОТОГРАФИИ:
ВИДЕО: