Младиот холанѓанец бил пијан и оштетил паркиран автомобил.
На 28.07.2019 година околу 04.30 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, Д.С.Ј (18) од Холандија го нарушил јавниот ред и мир. Тој, во алкохолизирана состојба извршил оштетување на патнички автомобил по што, е приведен во полициска станица. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.