Хорор во Струга, дедо со летва ја претеал својата внука

67 годишен дедо со летва ја претепал својата осумгодишна внука.

Стружанецот заработи кривична пријава бидејќи со летва ја пребил својата малолетна внука што е ништо во споредба со траумите на малото девојче. Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, криминалистичката полиција од Струга до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Р.М.(67) од Струга.
-Пријавениот во дворот на семејната куќа започнал расправија со неговата осум годишна внука, по што изреволтиран, со дрвена летва почнал да ја удира по главата и телото нанесувајќи и телесни повреди, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани