Хотелиерите задоволни од стартот на сезоната

Изминатиот викенд забележително  зголемен број на туристи во Охрид. 

 

Бројот на туристи задоволителен на стартот на летната сезона, оценуваат хотелиерите.  Јули и август се очекува кулминација , но туристи ќе има и   во септември и октомври. Според договорите со тур операторите тогаш хотелите ќе бидат исполнети  70 %.

 

За збогатување на туристичката понуда на брегот на Охридскот езеро потребно е отворање на нови хотели со нови содржини адаптирани на потребите на туристите.

 

-„Брегот на Охридското езеро е скоро шеесет километри. Зошто да не е искористен и просторот кај Љубаништа или Радожда од друга страна или самите населени места еве како Пештани, Лагадин и тн. Тука има поголем број на вили кои последниве години гледаме дека се исполнуваат и тие капацитети. Тие се летни сезонски капацитети, а во текот на годината градските хотели“, вели Крсте Блажески  претседател на здружението ХОТАМ.

 

Хигиената, но и  недостигот на  јавни ценовници кај  такси превозниците и  кајчарите ,  се главните поплаки на странските туристи.

 

– „Нешто слично се случува и со кајчињата и со тие превози кои не се јавно зацртани со цена која ќе биде оданочена. Нека се постават тие ценовници и нека се знае еден час чини 10 евра, 50 или 100 евра  зависи за кој вид на брод и тие да бидат јавни за секој еден гостин и да бидат исти. Да не се чуствува гостинот дека е излажан“, додава Блажески.

 

Голем проблем се и дивите туристички работници, кои секојдневно „ловат“ туристи низ градот, а со тоа создаваат лоша слика која му штети на имиџот на  Охрид.

 

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани