Во понеделник и вторник богослужба во манастирот Свети Наум Охридски.
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 2. јули 2018 година (понеделник), во манастирот „Свети Наум Охридски“ – Охрид, со почеток 19.00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Св. Наум Охридски“. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.
3. јули 2018 година (вторник), со почеток во 8.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на за-едничко прославување на овој празник.
