„Храбро срце“ ја доби битката, ослободени од партиципација, добија и резервни батерии

После долги напори и преговори, пациентите со механичка поддршка на срце во земјава добија резервни батерии.

Врзани со механичка пумпа 24 часа, за овие луѓе, комплетно зависни од напојување, батериите и струјата, значат живот. Нивното слабо срце нема да чука ако има прекин и на само неколку секунди. Петнаесетина пациенти во државата беа секојдневно изложени на ваков животозагрозувачки ризик.
Задоволни и среќни што државата обезбеди резервни батерии, кои ќе може да ги одржуваат во живот.

-„Може мирно да спиеме, оние резервни батерии кога би дошло до прекин на електричната струја би ја превзеле функцијата и би ни дале аларм. Сега ќе се стават во функција. 0105Упсеавме на крај, државата ни одобри помњн Н Ншите неопходни резервни делови“, вели Васко Јолески претседател на Здружението „Храбро срце“.

„Храбро срце“ ја доби и битката за ослободување од партиципација за пациентите со механичка поддршка на срце. Здравствените прегледи и тестови кои беа прескапи и поголемиот дел од нив не можеа да си ги дозволат, конечно ќе се бесплатни и достапни.

-„Голема вест за нас е и тоа што добивме бесплатни прегледи во државната кардиохирургија. Оние прегледи кои не чинеа многу скапо сега во државната кардиохирургија се бесплатни или ќе чинат само симболична цена од 40 до 50 денари надомест партиципација. И контролниот тест за трансплантација сега е сосема бесплатен“, додава Јолески.

Со години Националното здружение „Храбро срце“ бараше подостапни здравствени услуги за пациентите со вградена механичка циркулаторна потпора на срце. Месечно овие пациенти трошеа најмалку 12 000 денари за редовните прегледи и дополнително за неопходните тестови.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles