Нема бесплатнен паркинг и на улицата „Серафим Китаноски“.
Улицата „Серафим Китаноски“ кај градскиот полигон и во близина на централното градско подрачје, беше омилена за охриѓани бидејќи тука немаше наплата на паркинг места. Според локалната самоуправа „со цел да се обезбедат поголем број на паркинг места за граѓаните и туристите во централното градско подрачје, општина Охрид започна со чистење и уредување на паркинг просторот на улицата „Серафим Китаноски“, која има еднонасочен режим на сообраќај.
Во рамки на работните активности на терен, екипите на ЈП „Охридски комуналец“ извршија расчистување на просторот, по што ќе се пристапи кон поставување на соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација“.
