И пензионерите посиромашни од лани

И пензионерите осиромашиле. Во последните две години стапката на сиромашни пензионери пораснала. 

 

Сепак пред 5 години имало најголем процент на сиромашни пензионери.

Стапката на сиромашни пензионери во 2017 година била 7.7 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во 2016 година стапката на сиромашни пензионери изнесувала 7.1%, во 2015 година била 7.3%. Во 2014 година 8.4% од пензионерите биле во групата сиромашни, а во 2013 сиромашни биле 10.9% од корисниците на пензија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани