И Подгорци има Василичари

Во Подгорци,на петнаесет километри од Струга во подножијето на планината на Јабланица на 900 м.надморска височина,селото „под гора“деновиве живее во зимска идила.

И оваа година,како и многу други изминзти години на 13 и 14 јануари Свети Василеј-Велики,или Стара Нова година се двата дена кога подгрчани и Подгорци го отсонуваат она за што сонувале цела година.На 13 јануари,првиот ден од празнувањето во вечерните часови најмладите деца го најауваат карневалот со посета на секое домаќинство,децата маскирани одат и пеат и гио канат домаќините во име на Василичарското друштво да земаат учество.


На 14 јануари во раните утрински часови,кога маскираните подгоречки – василичари,предводени од зетот и невестата, тргнуваат од црквата Свети Никола а оваа година (Игор Мариноски невеста и Марјан Гојани зет) се упатуваат на селската главна чешма Клајнец за да се наполни вода за здравје,а потоа секоја домаќинка носи Василичарка и ги става на чешмата,полни вода од селската чешма која претходно е осветенса за домаќинките да месат Кашаник со паричка.Потоа дефилето почнува од најдолната куќа на селото,одејќи од мало до мало и од куќа до куќа,честитајќи ја Новата година,со бакнување на рака на домаќинот од страна на невестата,а пак домаќинот ја дарува невестата и зетот со пари,а сите други василичари и присутни гости кои ја следат поворката ги почестува со топла ракија и мезе.


Се смета дека подгоречките василичари имаат традиција колку што е старо селото.Подгоречката порака на сите василичари е:„ЗА МНОГУ ГОДИНИ,В ГОДИНА ПОВЕСЕЛИ И ПОРАДОСНИ.
Текст и фото:СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани