И професорите од ОЕМУЦ ќе се усовршуваат во Костал

Не само учениците , ќе се доусовршуваат и професорите од средното стручно училиште ОЕМУЦ Свети Наум Охридски.

Покрај учениците кои следат теоретска настава во школото, а практична настава во компанијата Костал,  се увиде потреба од дообука и на професорите.

14 професори во период од 6 месеци активно  ќе ги доусовршуваат своите знаења за новите технологии, кои во иднина ќе ги пренесуваат на учениците.

„Кај нас во компанијата каде што ќе можат  да ги подобрат своите знаења и вештини, да ги видат сите технолошко напредни процеси низ кои што идните студенти од ова средно училиште ќе бидат вклучени кај нас без разлика дали се од електро или машински струки на подобар начин да можат  на сите ученици да им ги пренесат сите вештини и знаења  за да може да имаме поквалификуван, поедуциран кадар кој потоа по завршување на нивното образование дали ќе работат кај нас или ќе го продолжат своето образование“, вели Виктор Мизо директор на компанијата Костал во Охрид.

-„Приватниот сектор ја има кулчата улога  тие  знат подобро од смаите училишта какви вештини терба да имаат улениците за да бидат конкурентни на пазарот на трудот а со тоа  полесно и побрзо да најдат работно место“, вели амбасдорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада.

Општина Охрид продолжува со  поддршката  на создавање на стручен кадар за потребите на странските инвеститори, истакна градоначалникот Константин Георгиески.

– „Општина Охрид е подготвена да даде поддршка  на вакви иницијативи и да стимулира ваков вид на соработка. Страмските инвестиции во нашиот регион акко што е фабриката Костал ја наметнаа потребата од стручен кадар за креирање на  образовен систе кој ќе продуцира обучени  работници што може да се вклопат во процесот на нивното производство. Во таа насока и ситемот на дуално образование кој успешно функционира во ова стручно училиште“, вели Константин Георгиески.

– „Се работи за напредни производствени технологии за вградување во хибридни возила и всушност во проектот професорите и учениците  ќе го изучат цел процес на изработка  на овие делови и принципот на нивната работа. Со компаниите Костал и ОДВ нашата соработка започна интензивно уште пред три години“ , вели директорот на ОЕМУЦ

Речиси три години во стручното средно училиште има дуално образование теорија и пракса во фабриките на Костал и ОДВ. Овој проект во кој ќе се обучуваат професорите  ќе се реализира во соработка помеѓу компанијата Костал, Шварцаската амбасада во земјава, стручното учичиште Свети Наум Охридски и општина Охрид.

Соња Рилковска 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани