Полицијата трага по бездушниот телефонскиот измамник кој потресе многу луѓе во регионот.
– СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лице кое, деновиве преку телефонски јавувања кај граѓани од Охрид, Струга и Кичево, лажно се претставува како полициски службеник и врши измама за наводно случена сообраќајна незгода во која жртви или тешко повредени, се членови на нивните семејста. Притоа, предизвикувајќи огромна вознемиреност, бара пари за понатамошна постапка, информира портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски.
Од полицијата апелираат, граѓаните да не наседнуваат на вака добиени телефонски известувања и истите да ги пријават на 192 или лично во најблиската полициска станица.
