Јавен повик за субвенционирање на велосипеди

Општина Охрид, со цел да ги стимулира жителите на општина Охрид за користење на велосипеди, на граѓаните кои купиле или ќе купат нов велосипед во Република Северна Македонија од 01.01.2021 година се до завршување на јавниот повик 21.05.2021, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед.

 

 Средствата што општина Охрид ќе ги субвенционира се во износ од – 70% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 8.500,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, за невработените лица, лицата кои имаат право на социјална парична помош или лицата кои се приматели на постојана социјална помош. – 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 6.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, за лица кои се во работен однос и чии месечни нето приходи не ја надминуваат просечната месечна исплатена нетоплата за месец февруари 2021 г, во износ од 27.948,00 мкд.

Повеќе детали тука

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани