И струшката СДСМ ветува работно лето

За социјалдемократскиот сојуз на Македонија ова ќе биде работно лето, рече Соња Стојкоска Претседател на СДСМ Струга.

 

-„Под мотото ,,Зборот важи,, нашата општинска организација на СДСМ-Струга веќе започна со активностите на терен заедно со граѓаните.

Преку прес конференции,изјави за медиумите и соопштенија јавноста ќе биде запознаена за сите активности кои се планирани во наредниот период.

Во изминатиов период се заврши целосно изборниот циклус кој СДСМ го спроведе во своите редови.

Новото раководство,заедно со сите тимови,пратеникот,советниците,раководителите на институциите како на државно така и на локално ниво целото свое време го користат за да бидат меѓу граѓаните, решавајќи ги нивните проблеми.

На маалски и урбани средби кои секојдневно ги остваруваме со граѓаните,свесни за нивните потреби катадневно покажуваме дека изнаоѓањето на решенија за нивните проблеми,за нас е приоритет.

Секоја среда и сабота како Претседатетел на ОО на СДСМ Струга имам отворен ден за граѓаните за поконкретно да ги уочам проблемите на секој поединечно.

За нас,зборот важи!

Во изминативе две години реализиравме голем дел од ветените инфраструктурни проекти поставени како цели на нашата Влада.

Оваа прилика ќе ја искористам, да ве информирам за се она што нашата влада го има сработено во Општина Струга

-Целосна реконструкција на патниот правец од Подмоње до Евро Хотел финансиран од ЈП за Државни патишта

-Реконструкција на патниот правец R 1208 кружен тек Еуротел до с.Радожда ЈП за Државни патишта

-Реконструкција на патниот правец Суво Дол-Алумина с.Лабуништа-финансиран од ЈП за Државни патишта

-Санирано свелчиште на патниот правец Јабланица благодарение на ЈП за Државни патишта

-Изградба на спортска сала во с.Лабуништа-Министерство за образование

-Изградба на спорска сала во рамки на Средното училиште,,Нико Нестор,,-Министерство за образование,

-Реконструкција на подрачното училише во с.Радожда-Министерство за образование

-Реконструкција на прозори и подови во централното основно училише ,,Јосип Броз Тито,,Струга-Министерство за образование

-Реконструкција на спортско игралиште во с.Драслајца-во соработка со локална самоуправа

-Реконструкција на патот од Мороишки Мост- ОУ Драслајца- во соработка со локална самоуправа

-Асфалтирање на улици во с.Мислешево- во соработка со локална самоуправа

-Реконструкција на улица ,,Партизанска,, во Струга- во соработка со локална самоуправа

-Изградба на Шеталиште на дел од ул.,,Маршал Тито,, заклучно со пазарот- во соработка со локална самоуправа

-Партерно уредување на дворна површина во рамки на ЈЗУ Здраствен дом и Општа Болница во Струга

-Реконструкција на фасада и дворно уредување на полициската станица во Струга;

-Последна фаза во изработка на документација за затворениот пливачки  Базен во Струга-финасиран од Буџет на РСМ и  Агенција за млади и спорт

 Сакам да напоменам дека уште неколку стратешки проекти се во завршна фаза а за секоја нивна реализација дополнително ќе ја известам јавноста.

Заедно со Вас граѓаните ги донесовме промените,заедно со Вас продолжуваме да го забрзаме напредокот за подобар живот.

И за крај на ова мое обраќање до Вас, сакам да Ве повикам сите кои сакате да учествувате во заедничката грижа за нашата Општина во

Недела на ден 21.07.2019 г. во 9 и 30 часот под мотото,,Еко акција за чиста Општина,, во соработка на ЈП Комунално Струга  сите заедно да ја покажеме нашата еколошка свест.(збирно место пред,,Ракометното игралиште,,во Струга)

Почитувани,

Граѓани ве поканувам да се приклучите кон нас,да бидете гласни,тука сме да го слушнеме вашиот глас и да делуваме!

За нас Зборот важи!“, додаде Стојкоска. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани