Струшките советници бараат оставка од Мерко

 

Струшкиот Совет бара оставка од градоначалникот на Струга Рамис Мерко.

 

Префрлувањето на ингеренциите од сферата на урбанизмот на Владата нема законска основа.

 

-„Ако не може да ги решава проблемите кој сам ги создал да си даде оставка. Не е време да се префрла топката кога во градот владее хаос. Едната опција е да даде оставка, а втората е машки да остане на функција и да ги решава проблемите кои сам го создаде“, вели струшкиот советник од Алијанса на Албанците Имер Имери.

-„Советот се уште никој не го известил за ваквата одлука. Сметам дека  единствената законска можност за делегирање на ингеренции е  Мерко да си поднесе оставка. Мислам дека Mерко е свесен дека оваа централна власт е неспособна да ги преземе тие надлежности“, рече советникот  од редовите на Вмро ДПМНЕ Ален Деребан.

Под притисок на бизнис заедницата градоначалникот Мерко со писмо ја извести Владата дека ги отстапува ингеренциите на полето на урбанизмот и спорведувањето на препоркаите на Унеско. 

Пред два дена и полицијата соопшти дека Мерко и неколкумина вработени добивале закани по живот од лице од селото Велешта. Градоначалникот со денови е недостапен за коментар.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани