Охридското езеро останува без концесија

Дојранското езеро доби, Охридското езеро остана без концесија. 

 

Без стопан езерото е оставено на немилоста  на рибокрадците. Постапката за избор на концесионер која ја спроведува Комисија формирана од Владата,  се уште не е завршена.

Kомисијата ги евалуирала комплетните понуди и спровела електронска аукција по која доставила предлог за избор за понудувач кој понудил највисок концесиски надоместок. Но, поради направен наводен превид, веќе има поднесено жалба до второстепената комисија, која пак е надлежна да одлучи по истата, а потоа да даде насоки за натамошно постапување со донесување на решение.

„Се надевам дека со завршување на правните рокови за жалби, ќе видиме како ќе одлучи вотростепената комисија и така и ќе се постапи. Пред време не би можел да судам дали жалбата ќе биде усвоена или не. Така да во тој случај ќе почекаме“ посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски за Мета.мк. 

Инаку пред речиси еден месец од ресорното министерство информираа дека фирмата „Летница – Белвица Милорад“ од Струга, на елекстронската аукција понудила највисок надомест за концесија за стопански риболов и највисок концесиски надомест од 100 отсто од вредноста на издадените дозволи за рекреативен риболов. 

Одлагањето на изборот на концесионер, го зголемува  рибокрадството и го намалува  рибниот фонд посебно на ендемичната охридска пастрмка, сметаат екологистите. 

Инаку МЗШВ пред повеќе од една година ја одзеде дозволата на претходниот концесионер поради неисполнување одредени законски обврски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани