И струшките пензионери го прославија Денот на ослободувањето

Трета традиционална пензионерска средба по повод Денот на ослободувањето на  Струга. 


Здружението на пензионери и Активот на пензионерки од Струга во чест на 8 –ми Ноември,Денот на ослободувањето на градот Струга,и одбележувањето на 74 години на слободна Струга,во хотелот „Бисер“во струшко Калишта над 300 пензионери од ( десеттина) здруженија се дружеа,ги обновуваа поранешните пријателства,создаваа нови познатства,докажувајќи дека во вакви времуња можат и знаат да бидат еден со друг,заедно сложно да играат оро и да пеат на македонски,албански,српски,влашки,ромски…


Оваа прослава прерасна во во мултиетничка средба ,беше вистинска забава која ги отргна луѓето од третата доба од нивните грижи,враќајќи им го еланот и здравјето,радоста заради виденоста и доживувањето ,за да се разделат со догледање до наредната по ред прослава,што веќе традиционално се одржува во Струга.
На средбата на која учествуваа ( тристотини)пензионери од ЗП-Струга,Охрид и Дебарца,Дебар,Тетово,Ресен,Демир Хисар,Битола,Дебар,Гази Баба од Скопје и Здружението на инвалиди од Охрид.

Според утврдената програма на ЗП Струга,најпрвин делегациите положија свежо цвеќе на споненикот на Револуцијата на плоштадот во Струга,потоа беа посетени многубројните значајни знаменитости:Спомен Домот на Браќата Миладиновци,каде што е седиштето на СВП,Галеријата Ванѓел Коџоман,Природно-научниот музеј д-р “Никола Незлобински“.Црквата „Свети Ѓорѓија,го прошетаа и градскиот пазар,во непосредна близина на селото Калишта и на хотелот „Бисер“се наоѓа манстарскиот коплекс,во чии рамки доминатно место зазема пештерската црква посветена на на СВ.Богородица,каде што запалија свеќи за свое здравје и за фамилијата,купија сувенири и на правија фотографии за спомен.
Пензионерите и присутните ги поздрави актуелниот претседател на ЗП –Струга,Милорад Трпоски,кој меѓу другото истакна дека Активот на пензионерки предводени од Елисавета Лазареска,е многу активен во својата работа и има целосна подршка во неговите активности од органите на здружението.


Прва добредојде и пријатна забава на пензионерите им посака потпретседателката на Активот на пензионерки на ЗП Струга,Павлина Кузманоска,која накусо се осврна на 33 годишниното постоење на Активот и им подари на сите жени 74 каранфили во знак на 74 години на слободна Струга.
Пред пензионерите зборуваше г-н Милорад Трпоски кој на присутните им ги пренесе топлите поздрави од претседателот на СЗПМ,Драги Аргировски и заложбите на сојузот за подобар стандарт на пензионерите на сите полиња,а особено на подобрување на меѓугенерациската соработка,активно стареење и соживот …..

СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани