И во градинките без ковид протоколи

Од денеска веќе не важат општите и посебни мерки и протоколи за заштита од ковид-19 во предучилишните установи, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

 

Министерството оваа одлука ја донесе откако на 3 мај Владата ги укина сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани