Идната година ќе има повеќе туристи од Молдавија

Зголемување на бројот на туристи од Молдавија во 2022 година, а до 2025 година се очекува и раст на гостите од државите од Источна Европа, Руската Федерација, Украина и Белорусија.

Ова се најавите по средбата на македонскиот туристички сектор со 15-те молдавски тур оператори кои деновиве се во посета на нашата држава за да се запознаат со македонските туристички потенцијали.

„ Тие пазари се повеќе и повеќе се заинтересирани за Охрид и за Македонија. Тоа го докажаа и линиите коишто се воспоставија од привремен карактер кога се во прашање Москва, Санкт Петербург, Киев – Скопје. Веќе се потпишани одредени пред- договори за тие чартер летови токму од тие дестинации. Оваа инфо-тура со тур-оператерите од Молдавија покажува дека постои интерес и во таа земја за нашата туристичка понуда“, вели директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски

Намалениот број на авио линии на „Визер“, кои се должат на моменталните рестрикции на Европската Унија околу новиот сој на коронавирусот, нема да влијаат на сезоната оти има се повеќе нови аранжмани а се очекува Охрид да ги исполни сместувачките капацитети со 80 проценти уште за новогодишните празници со домашни и странски гости.

„Авио превозот се повеќе и повеќе се стабилизира но кога се во прашање ниско-буџетните компании многупати се случува и одредени други линии да бидат редуцирани но се надевам дека тоа на подолг период нема да даде негативен ефект“, вели Јаневски.

Годинава, според статистиката, има 50 процентно зголемување во туризмот во однос на претходната година и се очекува да се оствари бројката од 2,2 милиони ноќевања. За следната се предвидуваат 2,5 милиони ноќевања.

Македонија според Јанески е сигурна дестинација за туристите поради големиот број вакцинирани работници во туристички-угостителскиот сектор во Охрид.

С.ВРЕНЦОВСКА

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани