Илјадници граѓани на протест пред Влада

Меѓу 50 и 60 илјади граѓани се собраа пред Владата на Република Македонија, да го изразат незадоволството од работата на власта предводена од премиерот Зоран Заев.

 

Граѓани од сите страни од Македонија денеска пристигнаа во Скопје, да го изразат своето незадоволство од погубните политики, како не економски, на внатрешен, на надворешен и на многу други полиња од моменталната Влада.

Ова се историски мигови за нашата татковина, ова се моменти кога е потребна сила, одговорност, одлучност, се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред повеќеилјадниот народ насобран од целата земја пред Владата на Република Македонија.

Мицкоски рече дека ова е времето на третата генерација, која учела од првата и растела со втората, која стои исправено пред предизвиците на Македонија и на нејзините граѓани.

-Ајде да покажеме колку ни е силата! Ајде да покажеме колку ја сакаме Македонија! Ајде сите заедно да одговориме достојно на предизвиците и да кажеме гласно и јасно дека чашата е прелиена, доста е, вака повеќе не може, вака веќе не смее, повика Мицкоски.Првиот говор во пет и полмесечното раководење на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го заврши со убедување дека народот ќе ја победи темнината.

–Јас Христијан Мицкоски седам овде пред вас со име и чест и ви велам, ќе победиме. Ќе победиме! Ќе победиме заеднички сложно, обединето. Народот ќе триумфира над неправдата над темнината, над понижувањата и сите тие имаат име и презиме, Зоран Заев. 2 јуни е почетокот на крајот на ова неславно владеење, рече тој и повика: „Стани горда, Македонијо. Ти, пркосна, достоинствена, стаменита наша татковино! Доаѓаат времиња на предизвици, но во тие искушенија нашиот народ, народот бил највелик, затоа што знаел на своите плеќи да ги носи сите порази, но и победи. И секогаш се исправал, дури и тогаш кога сите го отпишувале и се откажувале од него. Пренесете ја оваа порака по уиците, по градовите и селата, по домите – Македонија се буди. Македонија е на нозе. Заедно сум со вас, се до конечната победа, затоа што верувам со целото мое срце дека Македонија ќе победи!“

На крајот, Мицкоски го заврши својот прв говор како претседател на ВМРО-ДПМНЕ со аманет до синовите.

-Синови мои, кога ќе чекорите по траекторијата во важите животи со или без мене, бидете горди со исправена глава, работете и борете се за вашата втора мајка Македонија, пренесува Република.мк. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани