Има наследници на Бојаџи, Савин, Маленко… Само нема каде да тренираат

И оваа зима, којзнае која по ред, охридскиот делфин Славчо Цветкоски брза од затворениот рекреативен базен во охридски хотел до базенот во Струга. И тоа по двапати дневно.

И летото беше во трчање до базенот на СРЦ „Билјанини Извори“. И сè ќе беше поинаку ако Охрид имаше свој покриен, затворен пливачки базен во кој би тренирале децата, па ова немаше да биде секојдневието на Славчо, охридскиот делфин, поранешен меѓународен и државен првак, пионерски и кадетски државен рекордер во дисциплините 50 и 100 метри делфин, пишува порталот деца.мк. 

Има наследници на Бојаџи, Савин, Маленко… Само нема  каде да тренираат.

Цветкоски е веќе успешен тренер. Вели дека тоа што Охрид нема покриен пливачки базен е голем хендикеп за младите спортисти-пливачи.

– Охрид отсекогаш бил расадник за талентирани и докажани пливачи. Пример за тоа се голем број потврдени спортисти со меѓународен успех, како Атина и Дики Бојаџи, Климе Савин, Александар Маленко и ред други. Огромен хендикеп е тоа што Охрид нема покриен пливачки базен. Во летниот временски период има огромен интерес за пливање. Во пливачката школа во која работиме јас и моите колеги Миле Јовановски и Соња Думбалова-Делова кои, исто така, се истакнати спортски работници и спортисти, членуваат над триста дечиња и голема штета е што тоа трае само три месеци и нема услови за континуирана работа – раскажува Цветкоски за деца.мк. 

Тој вели дека се радува на секој постигнат успех на пливачите со кои индивидуално и интензивно работи. Меѓу многубројните талентирани пливачи ги истакнува постигнувањата на младите охридски пливачи Предраг Мургоски, учесник на Илинденскиот куп и освоено четврто место, како и второ место на 1.500 метри во затворен базен, Василиј Топалоски, кој е најмладиот учесник на Илинденскиот куп и има освоено неколку втори и трети места на првенства во затворен базен. Ја издвојува и Симона Бошковска, која освоила второ место на Илинденскиот куп на два километра – од Парк до Охрид, како и Симеон Јовановски, победник во дуатлон и триатлон.

Целата статија тука

Инаку затворениот базен во Охрид почна да се гради пред 4,5 години. Според последните најави, ќе биде пуштен во употреба во 2021 година.

Има наследници на Бојаџи, Савин, Маленко… Само да има каде да тренираат

Цветкоски е веќе успешен тренер. Вели дека тоа што Охрид нема покриен пливачки базен е голем хендикеп за младите спортисти-пливачи.

– Охрид отсекогаш бил расадник за талентирани и докажани пливачи. Пример за тоа се голем број потврдени спортисти со меѓународен успех, како Атина и Дики Бојаџи, Климе Савин, Александар Маленко и ред други. Огромен хендикеп е тоа што Охрид нема покриен пливачки базен. Во летниот временски период има огромен интерес за пливање. Во пливачката школа во која работиме јас и моите колеги Миле Јовановски и Соња Думбалова-Делова кои, исто така, се истакнати спортски работници и спортисти, членуваат над триста дечиња и голема штета е што тоа трае само три месеци и нема услови за континуирана работа – раскажува Цветкоски.

Тој вели дека се радува на секој постигнат успех на пливачите со кои индивидуално и интензивно работи. Меѓу многубројните талентирани пливачи ги истакнува постигнувањата на младите охридски пливачи Предраг Мургоски, учесник на Илинденскиот куп и освоено четврто место, како и второ место на 1.500 метри во затворен базен, Василиј Топалоски, кој е најмладиот учесник на Илинденскиот куп и има освоено неколку втори и трети места на првенства во затворен базен. Ја издвојува и Симона Бошковска, која освоила второ место на Илинденскиот куп на два километра – од Парк до Охрид, како и Симеон Јовановски, победник во дуатлон и триатлон.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани