Најстарата струшка куќа и натаму се распаѓа

И после една година од барањата за заштита, најстарата струшка куќа се уште распаѓа.

 Изградена пред  150 години, со автентични чардаци, сведок на старата  градска архитектура, куќата и натаму  се распаѓа пред очите на сите.

Објектот  е пропознатлив топоним на градот Струга, но  никој не презема мерки за заштита на вредното културно наследство, се жали еден од сопствениците на куќата, Глигор Ќато, кој заради нарушени имотно правни односи се уште  нема пристап,  и не смее  да преземе било какви градежни зафати.

Од друга страна  надлежните немаат слух  за  старата градска архитектура.  

„Воглавно се префрлуваат надлежностите меѓу општината и Музејот. Првично согласно закон обврска е на самите сопственици да се грижат за куќата но јас на неколку пати нагасив дека има нарушени односи мегу сопствениците за што е поведена судска постапка за да влезам и да ја средам куќата. Но не ми е дозволен пристап. Ова е еден апел надлежните органи да ми помогнат  да ги заштитиме минувачите по струшката чаршија. И покрај сите мои повици до општината и музејот  и еве медиумски јавно кажувам  дека досега никој не се погрижи да го заштити тој простор“, вели Глигор Ќато еден од сопствениците  на  објектот во распаѓање.

Секојдневно демне опасност куќата да се сруши , а со тоа и опасноста да ги повреди минувачите. Ќато ставил импровизирани огради среде чаршија со натпис да се стои подалеку од куќата, која се распаѓа.

„Од моја страна известени се апсолутно сите органи за состојбата во која се наоѓа во куќата. Јас веднаш по прилозите на Тв бев нападнат дека сакам државата да ја изгради куќата на нивни трошок, но апсолутно не така. Единствено барам да се заштити здравјето на луѓето кој што минуваат покрај таа куќа а и под услов и целата да биде срушена за да не постои опасност. Впрочем и јас самиот поминувам од тука и сте сме изложени на опасност “, вели Глигор Ќато сопственик на дел од објектот во распаѓање.

Од охридскиот Завод и музеј , информираа  дека  објектот  е само евидентиран,  а не е во категоријата на поединечно заштитено добро за да може  да се  превземат  активности за негово санирање. Треба да се изготви елаборат за валоризација на објектот, а потоа да се донесе решение за негово прогласување за  заштитено добро, но тоа е долга административна процедура.

И додека се прават планови, како да се заштити куќата, се бројат деновите, кога чардакот ќе се сруши, а со тоа  Струга  ќе ја изгуби најстарата и најавтентичната куќа во струшката чаршија.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани