IN memoriam: Почина д-р Зекман Ракиповски

По несреќен случај во Охрид, вчера почина битолчанецот д-р Зекман Ракиповски – Зек.

Битолчани се сеќаваат и ќе се сеќаваат на Ракиповски како професор по ликовна уметност.

Д-р Зекман Ракиповски – Зек по дипломирањето својата професорска кариера ја започна како професор во средното земјоделско училиште, а потоа работеше како професот по ликовна уметност во средното училиште “Таки Даскало“ и во Гимназијата “Јосип Броз Тито“.

Потоа заминува за Сиднеј, Австралија, каде станува доктор по ликовна уметност, и таму работи на повеќе университетки проекти, а има и своја галерија.

Ракиповски се враќа во Битола, основач е на факултетот за дијазн и мултимедија на универзитетот ФОН во Скопје, каде работеше и како декан. Потоа беше професор на последипломските студии. Ракиповски беше и визитинг професот во Виена, Приштина, Тирана и Белград, а за студентите подготвуваше и неколку учебници.

Ракиповски ќе биде погребан денес во Битола.

Извор Bitolanews

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани