Осмомартовскиот викенд Охрид полн со туристи од соседството. Најбројни беа гостинките од Србија, Бугарија, Албанија и Косово.
Од овие дестинации немаше голем број откажувања поради епидемијата на корона висрусот, која го тресе светот. .jpg)
„Имаше откажувања но што се однесув на нашата група само пет лица откажаа. Дали беше заради корона висрусот или од приватни причини навистина не знам.Се надевм дека нема да има никакви проблеми, што се однесува до мене јас не се плашам“, вели Јелена Џокиќ работник од туристичка агенција во Србија.
Епидемијата со корона вирусот донесе најголем број откажувања на гости од Азија. Низ градот викендот можеше да се сретна само една група од Кина, а речиси сите беа со заштитни маски.
.jpg)
„Се соочуваме со некои откажувања. Секоја година по некој вирус излегува но се случува балансот на откаажувања и нови араанжмани да е на нулата. Некои одреден процент откажува други закажуваат. До април очекуваме се да се среди и оваа сезона да тргне на убаво. Нема потреба да се плашиме. Најчесто откажуваат од азиските земји со тоа што помалку имаме азијати гости, но сите балкански земји од друга страна го одбираат Охрид. Наместо да одат Италија идат кај нас“, вели Љупчо Јузмески турристички водич.
Поради епидемијата со корона вируст компанијта „Визер“ ги откажа летовите од Охрид и Скопје кон Италија. Туристичките рабтници смируваат епидемијата ќе згасне во април и не постои простор за паника , таа нема да се одрази негативно врз туристичката сезона.
Новинар Соња Рилковска
