Инфо табли пред историските знаменитости

Таблите се пред означени културно историското наследство.

Локалната самоуправа во соработка со НУ„Завод и Музеј“, како дел од своите програмски активности го реализираше проектот за поставување на информативни табли на објектите кои се означени како културно наследство во Охрид. Информативните табли се поставени за полесно информирање на бројните посетители за значењето и суштината на знаменитостите. Текстовите на таблите содржат важни информации за објектите и се во насока на афирмација и промоција на oхридската култура и развој на културниот туризам. Таблите се поставуваа во согласност со Одобрението издадено од Министерство за култура односно од Управата за заштита на културното наследство.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани