Иницијативата Отворен балкан е заложба за стабилен регион

 

Иницијативата Отворен Балкан е наша заложба за стабилен регион, владеење на мир, за соработка и за економски развој – ова е нашата заложба за подобар живот на нашите народи.

Наша автохтона иницијатива за европеизација на регионот, истакна премиерот Ковачевски на денешното отворање на самитот на Отворен балкан што се одржува во Охрид.
Отворен Балкан заеднички ќе го промовираме како регионална атрактивна туристичка дестинација, но че се продлбочи и соработката во областа на културата и пазарот на трудот.

-Нашата политичка цел е јасна и единствена – Западен Балкан мора да стане дел од Европската Унија. Местото на секоја земја од регионот е во Европската Унија. По тој пат одиме. Заедно се европеизираме.Земјите од Западниот Балкан се тесно поврзани. Кога има напредок во една земја, тоа е поттик за напредок кај другите соседи. Европски е да се помагаме, а не да се кочиме и блокираме, истакјна Ковачевски.
Претседателот на Србија рече Македонија и Србија немаат нерешени односи, ниту билатерални проблеми.

-„Суштината на оваа иницијатива е да се формираат работни групи сега или на следионт состанок кој сакам да биде во јужна Србија, со што би се активирале владите да се надминат проблемите на целиот регион, проблемите со енергетската криза, финансиската и културната легислатива. Денеска потпишуваме договори за работните дозволи, развој на туризмот, здравството, образованието – рече Вучиќ.
Во Албанија над 60 проценти од населението го подржуваат „Отворен Балкан“,рече албанскиот премиер Еди Рама.

-Знаеме и дека меѓу Белград и Приштина има отворено прашање и проблеми. Но убедени сме дека овие работи можат да се надминат само ако се доближиме и соработуваме заедно како денеска што сме сите овде заедно во Охрид, потенцираше Рама.
Работата на самитот на Отворен Балкан ја поздравија и комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија Оливер Вархеји и Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на САД, специјален пратеник за Западен Балкан, кој се обрати преку видео конференциска врска.

-Ги охрабрувам лидерите на земјите членки да го усогласат „Отворен Балкан“ со другите иницијативи на Западен Балкан. Земјите од регионот може да сметаат на помошта од САД во однос на економијата, борбата против корупцијата и криминалот и европската интеграција, рече Ескобар.
На самитот присуствуваа премиерот на Република Црна Гора, Дритан Абазовиќ и Зоран Тегелтија, претседавачот на Советот на министри на Република Босна и Херцеговина.

Новинар Соња Рилквоска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани