Мицковски побара слобода за Ламбе Алабаковски

Мицковски побара слобода за Ламбе Алабаковски.

Тоа е резултат или реакција на политиките на оваа криминална и анационална влада, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како го коментира притворањето на Ламбе Алабаковски.

Мицкоски побра ослободување на Алабаковски, додавајќи дека тоа е реакција на сите погрешни политики на владата изминатите години, потенцирајќи дека ниту претходно кога се уништувал државен имот од страна на Шарената револуција, ниту пак сега не прифаќа насилство.

Мојата порака е до оние кои што пред само неколку години како припадници на една револуција уништуваа државен имот, бојадисуваа државен имот, палеа канцеларија на претседател на држава, да ги ослободат судиите и обвинителите да донесат пресуда согласно правдата, да го ослободат Ламбе, да помине со укор, иако морам да признам ниту тогаш ниту сега насилството не го прифаќам како начин на решавање на проблемите. Но, ова е реакција на сите овие погрешни политики изминатите години и затоа барам слобода за Ламбе, да го ослободат човекот и да се свртат сами кон себе, да ги видат своите грешки за ова да не стане масовна појава во Македонија, бидејќи народот е револтиран правдината да ја земе сам во свои раце, изјави Мицкоски.

Мицковски побара од Варјхеј што поскоро отпочнување на преговорите со ЕУ

Што поскоро отпочнување на преговорите со Европската унија. 22 години е предолг период нашата земја да биде во ходникот, а многу држави кои во тоа време немаа никаква европска перспектива седнаа на маса, преговараа и станаа полноправни членки на ЕУ, ова го истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски по денешната средба со еврокомесарот Оливер Вархеј, која се одржа денес на маргините на самитот Отворен Балкан во Охрид.
– Ако го гледате Извештајот на ЕК ќе видите дека ние 14 тина години добиваме позитивна препорака за отпочнување на преговорите, во меѓувреме се потпиша оној Преспански договор срамен, во меѓувреме се бара од нас да се откажееме од нашиот идентитет а тоа да сме македонци кои го имаат својот мајчин јазик македонски, од нашето културно наследтсво да сеоткажеме од нашите дедовци и прадедовци. Да се откажеме од нашата историја, и корени. Тоа не се европски вредности. Ние сакаме да зборуваме за иднина за перспектива, рече Мицковски.
Според Мицковски, последен момент е самитот на 22 ри јуни европските лидери да покажат европски вредности и да го убедат поранешниот и се уште актуелен премиер на Бугарија да направи чекор назад и да дозволи Македонија конечно да ги отпочне преговорите. Во спортивно дополнително ќе биде нарушен кредибилитетот на ЕУ и тоа ке доведе до дополнително разочаррување на грѓаните на Р С.М.

 

Social profiles