Иницијатива за бесплатен автобуски превоз за пензионерите во Охрид

Членот на Советот на Општина Охрид од Левица – Виолета Аврамоска поднесе Иницијатива за бесплатен автобуски превоз на пензионерите во градот Охрид.

,,Економската состојба во Република Македонијa и во Охрид, придонесе видно да се влоши финансиската состојба на пензионерите. Со малите пензии одвај преживуваат и се без услови за пристоен живот.Бесплатниот автобуски превоз во голема мера би им го олеснил нивниот живот и би ги намалил нивните секојдневни давачки. Оваа иницијатива ја поднесувам по барање на поголема група пензионери од Охрид” – стои во образложението поднесено од советничката од Левица – Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани