„Инклузија“ амбасадор на младите

Здружението за мултикултурна интеграција, “Инклузија” од Охрид, прераснува во регионален амбасадор на младите, со континуираната и добро поддржана работа кај нашите соработници ширум државата, кои ја препознаваат нашата заложба за подобрување на квалитетот на младинскиот активизам во општеството, како и унапредување на процесите на донесување одлуки во корист на младинската интелектуална мисла.

 

За таа цел, во текот на изминатата недела беше потпишан меморандум за соработка со хуманитарната организација “ЕХО” од Штип, а денес беше официјализирана и одличната иницијатива за градење заеднички мостови на соработка, почитување и толеранција помеѓу млади од различни етнички заедници, поттикната од факултетското собрание на факултетот за туризам и угостителство од Охрид.

Успешните партнерства со овие и со други регионални и меѓународни организации ќе продолжат и понатаму, во вид на реализација на проектни активности кои ќе го поттикнуваат развојот на лидерските капацитети и чувството за претприемништво кај младиот човек. На тој начин, организацијата кон негово максимално вклучување во позитивните општествени промени.

Активностите продолжуваат со реализација на низа работилници на тема млтикултирализам, како дел проектот “Низ една призма – сите сме исти”, финансиран од програмата Цивика Мобилитас и Швајцарската агенција за развој, со посебен акцент на работилницата која ќе се одржи во просториите на правниот факултет во Битола, на 20/03/2021 година.

До крајот на годината, следува и имплементација на две меѓународни партнерства преку Erasmus plus програмата за европска образовна мобилност, каде што “Инклузија” ќе биде партнер на две организации од Романија и Словачка, на проекти насочени кон зацврстување на организациските капацитети.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани