Скопјанец извршил осум тешки кражби во Охрид

Скопјанец  извршил осум тешки кражби во Охрид.

Поради постоење основи на сомнение за сторени осум тешки кражби и една тешка кражба во обид, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.М.(22) од Скопје. Тој, во периодот од 24.02.2021 до 06.03.2021 со употреба на физичка сила и погоден алат во осум патнички моторни возила паркирани на улиците „Гоце Делчев“, „Ристо Чадо“ и „1-ва МУБ“ во Охрид одзел пари и други вредни предмети, а од гаража извршил кражба на велосипед. На тој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 56.000 денари, информира ппортпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.  

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани