Војната во Украина не го помага процесот на интеграција и не го олеснува членството на новите кандидати, рече претседателот Стево Пендаровски на панелот насловен како „Што по војната во Украина“ , во рамките на Преспа форумот за дијалог што деновиве се одржува во Охрид.
Шефот на државата потенцира дека незавршениот проект за европска интеграција има последици за земјите кои сакаат да станат дел од Унијата а ние, 17 години сме кандидат за членство и со години и децении трчаме за таа цел. Според него чекањето на земјите да станат дел од организацијата, која дава гаранции за иден просперитет доведува до демографска катастрофа, а истовремено драстично опаѓа и поддршката за членство во ЕУ.
„Чекајќи го тоа нашата популација се преполови. Не е само Северна Македонија и Албанија е блокирана, а Црна Гора со години преговара без значаен напредок. Сведоци сме на појава на нови идеи за нова политичка заедница на ЕУ. Барав од колегите да ми ја појаснат суштината на оваа идеја дали се работи за Европа во Европа, за ЕУ во ЕУ и што е со земјите кои веќе имаат кандидатски статус, што е со Грузија, Украина и Молдавија. Ми беше објаснето дека се работи за политички форум за консултации “, кажа Пендаровски и додаде.
На Преспа Форумот, во рамките на сесијата на тема „65 години после Римскиот договор: Дали Европа е целосно економски реконструирана и интегрирана? , денес се обрати и премиерот Димитар Ковачевски.
-Преговори се уште не сме почнале а тоа се доли на предизвиците кои го попречија нашиот евроспски и инетгративен пат, но еве не денес се уште на тој истиот пат бидјеки членството во ЕУ за нас нема алтернатива. За нас ЕУ и нтеграацијата во истата е прашање на прифаќање на највисоки западно демократски вредности и посветеност за исполнување на европски стандарди во работењето на сите сфери во општеството и сите институции, рече Ковачески.
Пендаровски потсети дека нашата земја протера многубројни руски дипломати, само во последните 12 месеци половина од нив беа протерани од нашата земја уште пред да почне војната во Украина.
„Русија со години ги поткопува нашите општества, ако зборуваме за Северна Македонија, зборуваме за хибридни закани, лажни вести особено во однос на прашањето за името. Откога ќе заврши војната во Украина, Русија ќе се врати на старите методи повторно борејќи се против демократиите на западот со лажни вести со пропаганда, нагласувајќи дека не треба да трчаме по членство во ЕУ или НАТО“, потенцира Пендаровски.
И Пендаровски и Ковачевски посочија дека целиот Западен Балкан чека да се заврши и да се заокружи проектот за европска интеграција. За обединета, единствена и економски силна Европска унија потребно е целосно интегриран Западен Балкан.
Новинар Соња Рилковска