На Денот на езерото концерт на познатиот пијанист Алекандар Јаковлев

Во организација на Општина Охрид, а во рамки на Програмата за одбележување на 21-ви јуни – Денот на Охридското Езеро, во вторник во црквата Св.Софија со почеток во 19.00 часот ќе се одржи солистички концерт на познатиот пијанист Алекандар Јаковлев.

 

Александар Јаковлев дипломирал на Државниот конзерваториум во Ростов, каде што завршил и постдипломски стидуи. Во 2006 година победник е на натпреварот Шопен во Рим. Тој редовно учествува на музички фестивали како што се „Големите мајстори на Сарагоса“ во Шпанија, фестивалот на пијанистот Артуро Бенедети Микеланџели во Италија, „Мај фест“ во Шкотска и „Лицата на современиот пијанизам“ во Санкт Петербург.

Јаковлев има настапувано во повеќе земји ширум Светот. Тој е добитник на 30 – на први награди и повеќе од 50 награди на меѓународни натпревари по пијано.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани