Бурни реакции утрово на социјалните мрежи предизвика сечењето на двете стари дрвја во селото Октиси.
Според стружани биле исечени два вековни дрвја од црковно земјиште, каде пред две години неуспешно беше ставен темелник за возобновување на некогашната црква.
-Вчера биле пресечени два даба стари над 150 години од црковното место во Октиси каде беше срушена и црквата!Прашајте за мислење по однос на вчерашното сечење на дрва стари стотици години во црковно место каде пред неколку години е рушена црквата во Октиси!? Доста молчите сите! Гугнете нешто! Нели сме за соживот?!, напиша Васко Јолески од невладината „Каприкорн“ на социјалната мрежа Фејсбук.
За сечењето на дрвјата имало одлука од целата месна заедница. Старите дабови се исечени со дозвола од месна заедница поради постоење од опасност. Дозвола имало и од општината и од црковниот одбор. Бидејки дрвата биле потенцијална опасност, а неодамна имало и инцидент повредено лице од пад на гранка, информираат надлежните за Охриднет.ком.
Инаку во 2015 година неуспешен беше обидот на МПЦ да ја возобнови црквата Св. Димитрија во Октиси. Храмот требаше да се гради на плац од МПЦ, на местото каде што постоело објект, кој поради дотраеноста бил урнат, за што постојат документи и фотографии. Обдот заврши со протести и инциденти помеѓу двете верски заедници. Мачните преговори меѓу ИВЗ и МПЦ прекинаа, а случајот до денес тапка во место, на локалитетот остана само камен темелникот.